Роџер Федерер завчера официјално ја заврши кариерата со мечот во двојки со Рафаел Надал на „Лејвер купот“, но тоа не го спречи да остане дел од тимот „Европа“ и да даде своj придонес за победа во пресметката со екипата на останатиот дел од светот.
Не му беше проблем дури и да му биде помага на Новак Ѓоковиќ, кој за време на мечот со Френсис Тиафо (6-1, 6-3) му побара вода по што Федерер се врати со две шишенца.
Тој имаше многу комплименти за играта на Ѓоковиќ.
– Неверојатен си од основната линија. Сјајно е да се гледа твојата контрола со оглед колку долго не си играл – му рече Роџер на Новак.
Ѓоковиќ му се заблагодари на комплиментите.