Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри спрејот за нос со брзо дејство на Pfizer дизајниран за лекување на мигрена, објави американскиот фармацевтски гигант.
Pfizer соопшти дека очекува лекот, кој се продава под името zavzpret, да биде достапен во аптеките во јули 2023 година, пренесува Science alert.
„Одобрувањето на запрет од страна на FDA претставува значителен напредок за луѓето со мигрена на кои им е потребно ослободување од болка и претпочитаат алтернативни опции наместо оралните лекови“, рече главниот комерцијален директор на Pfizer, Ангела Хванг во изјавата.
Студијата од третата фаза на лекот покажа дека им помага на некои болни од мигрена за само 15 минути.
„Како брзо-апсорбирачки назален спреј, zavzpret нуди алтернативна опција за третман за луѓе кои имаат потреба од ослободување од болка. Тоа е исто така добра алтернатива за оние кои не можат да земаат орални лекови поради гадење или повраќање“, ја цитира Pfizer изјавата на Кетлин Малин, помошник медицински директор на Институтот за неврологија и главоболка во Њу Ингланд.
Третманот за состојбата, кој генерално се третира орално со лекови, беше двојно слепо тестиран во примерок од 1.405 луѓе, при што половина земаа единечна доза од спрејот, а останатите примаа плацебо.
Откриено е дека спрејот значително ја намалува болката околу два часа по почетокот на мигрената, која покрај тоа што често предизвикува силни главоболки може да вклучи и гадење и чувствителност на светлина или бучава.