ФДА: Достапните вакцини против Ковид 19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментно достапните вакцини против ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот.

Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми.

Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од ФДА, на кој се разговарало за временскиот период што е потребен да помине за примање дополнителна доза од вакцината и лицата кои ги исполнуваат условите за неа.

Share This Article