Агенти на ФБИ уапсија две лица во Мичиген поради изборни закани, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на пишувањето на американските медиуми. „Детроит њуз“ објави дека еден осомничен е поврзан со заговорот за убиство на Доналд Трамп.
Човек по име Исак Сисел, кој наводно објавил на социјалната мрежа Редит под корисничкото име „ShootUpTrumpRally“, им рекол на инспекторите дека верува дека „сѐ би било подобро ако Трамп е мртов“.
Друг осомничен, Кристофер Клеј Пирс (46) од Џексон, е обвинет дека со години упатувал закани до политички акционен комитет поврзан со демократите, и покрај претходните предупредувања од ФБИ дека може да се соочи со кривична пријава ако продолжи со однесувањето.
Пирс, наводно, претходно бил предупреден од ФБИ дека може да биде обвинет за кривично дело доколку продолжи да објавува закани на Интернет, но тој продолжил да ја вознемирува групата наклонета кон демократите.