Делумен или целосен пролапс на матката е состојба која се јавува кога мускулите кои ја држат матката почнуваат да слабеат, а самата матка почнува да се спушта во вагината и во некои случаи целосно испаѓа. Пролапсот на матката е честа појава и дури 50% од жените се соочуваат со овој проблем еднаш во животот.
Фази на пролапс на матката
Пролапсот на матката се јавува во фази и колку порано се открие, толку е полесно да се лекува.
Фаза I – мускулите слабеат, а матката се наоѓа во горната половина на вагината
Фаза II – мускулите се уште послаби, а матката се наоѓа блиску до отворот на вагината
Фаза III – делумен пролапс на матката, која сега е делумно надвор од вагината
Фаза IV – целосен пролапс на матката, која сега е целосно надвор од вагината
Симптоми на пролапс на матката
Многу жени имаат благи симптоми, ако воопшто ги имаат и во повеќето случаи немаат болки. Меѓутоа, во некои случаи се појавуваат и побурни симптоми.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.