Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева нови уставни судии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со 62 гласа „за” Хисни Исмаили од редовите на партијата Алтернатива е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешното продолжение на 71.седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина продолжението на оваа седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени.

Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На дневен ред на оваа седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, пратениците во рамки на оваа седница треба да дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, предложените измени на Законот за работните односи, и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и за други предлог закони и неколку годишни извештаи за работата на институции за 2021 година.

Претходно, пратениците на продолжение на 88. седница, го изгласаа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала на почетокот на расправата за изборот на уставните судии.

Share This Article