Фатмир Дехари, сегашниот градоначалник на Општина Кичево, ќе биде кандидатот на ДУИ за претседател на Македонија, објави МКД.
Порталот, повикувајќи се на високи партиски извори, објавува дека неговата кандидатура ќе биде објавена во текот на оваа неделава откако ќе мине низ филтрите на ДУИ и со согласност на лидерот Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ дефинитивно не ги прифатил сугестиите на високи функционери тој самиот да му биде противкандидат во албанскиот политички блок на Арбен Таравари од опозициската коалиција на Албанците.
За евентуална кандидатура на Дехари – инаку поранешен телохранител на лидерот, а подоцна и функционер на ДУИ во МВР и во УБ – сепак, последниот збор ќе го има каже Али Ахмети.
Високи партиски функционери за МКД.Мк брифираат дека министерот Бујар Османи за Ахмети е најпретставителен, дека е тоа човек кој најдобро досега ја претставувал ДУИ и државата на внатрешен и надворешен план…