Против десет лица, од кое девет се уапсени, а по едно се трага, денеска се покренати кривични пријави за делата трговија со дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, како и за сексуална злоупотреба на немоќно лице – информира МВР.
Осомничените се од Тетово, Скопје и од Велес. Во нивните живелишта, во овие три градови, извршени се претреси со судски налог и притоа се пронајдени и привремено одземени мобилни телефони, марихуана, гасен пиштол и други предмети.
Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена на четворица од уапсените за трговија со дете, додека на едно лице му е одредена мерка куќен притвор.
Акцијата ја спровела Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес, Скопје и Тетово, а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.
Pixabay