Фатен крадец при обид да изврши кражба во црква во изградба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 03.03.2022 во 14.00 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква во изградба.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Share This Article