Фармите за крави се спасија, ама другите сточарски фарми ќе плаќаат данок за испуштен метан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Измените на Регулативата на ЕУ за емисии на штетни гасови при производството, што стапија во сила во неделата, предвидуваат поголем опфат на сточарските фарми кои ќе мора да ги почитуваат правилата од ова законско решение од 2030 година, што се очекува да се одрази и врз нивната работа.

Според анализите, фармите за одгледување на свињи и на живина ослободуваат околу 30% од вкупните емисии на амонијак во ЕУ, па со новите правила се предвидени мерки за намалување на ова нивно штетно влијание.

Одредбите за намалување на емисиите на штетни гасови со новите правила важат за сите свињарски фарми со најмалку 1.100 возрасни свињи или 700 маторици. Досега овие обврски важеа за фармите со над 2.000 свињи или 750 маторици.

Екстензивните и фармите за органското производство на свињи, каде што животните поголемиот дел од времето го минуваат на отворено, се ослободени од спроведување на овие мерки.

Новите правила важат и за живинарските фарми со најмалку 40.000 кокошки, што се одгледуваат за месо, и со најмалку 21.400 несилки.

Во првичниот предлог на Еврокомисијата, се предвидуваше и зајакнување на мерките за добиточните фарми, кои се одговорни за 50% од емисиите на метан и 25% од емисиите на амонијак во ЕУ, но по интервенција на Европскиот парламент овие одредби беа исклучени од конечната верзија на изменетата Регулатива.

Сепак, како компромис беше договорено Еврокомисијата да ги следи состојбите со емисиите на штетни гасови од фармите за одгледување крави и да поднесе извештај до крајот на 2026 година.

Новите правила предвидуваат и построги финансиски казни за прекршителите на мерките, кои за „сериозни прекршувања“ изнесуваат најмалку 3% од вкупниот годишен промет на производствените субјекти, а се предвидува и можност за затворање на фармите кои не ги почитуваат одредбите.

Дополнително, со измените на регулативата се овозможува правото на луѓето да бараат „компензација за здравствени последици предизвикани од незаконско загадување“.

- Advertisement -
Ad image

Но, земјоделските здруженија и повеќето десничарски политички партии, кои во принцип се против регулативите од сферата за заштита на животната средина, сметаат дека во примената на новите правила за спречување на емисиите на штетни гасови не треба да важат исти стандарди и за фармите и за некои индустриски сектори, како што се на пример фабриките за производство на батерии или челичарниците.

Од друга страна, ни екологистите не се целосно задоволни од новата регулатива, посочувајќи на одредбата од неа со која им се дозволува на земјите членки на ЕУ да применуваат „полесен регулаторен режим“ за земјоделците, што според нив во пракса би можело да резултира со неспроведување на утврдените мерки.

Share This Article