More

    Фармерите бараат винарите да не манипулираат со шеќерните единици

    spot_img

    Националната федерација на фармери (НФФ) апелира до надлежните институции, до Земјоделскиот инспекторат, да го следат процесот на откуп и да се осигураат дека не се вршат манипулации со шеќерните единици и воедно, контролата да се врши подеднакво и на винариите и на индивидуалните трговци за откуп на винско грозје, како и да се спречат дивите откупувачи да откупуваат грозје на манипулативен начин и по пониска цена.

    Според НФФ, винарите и откупувачите треба да ги почитуваат договорените откупни цени, односно да ги почитуваат сегашните договорени откупни минимални цени и да ги корегираат своите ценовници каде што таа цена е сега пониска, а воедно да го почитуваат Законот за вино за секоја повисока шеќерна единица, да се плаќа 1 денар плус.

    – Бараме од винариите и од откупувачите да го исплаќаат износот за откупено винско грозје во целост во рок од седум дена и да не ја намалуваат откупната цена за 8%, бидејќи ова не одговара на ниту едни пазарни, демократски и европски правила, принципи и услови со што се регулира откупот, туку на ваков начин, само се овозможува намалување на цената на откуп на винско грозје и се демотивираат лозарите да произведуваат грозје и ги напуштаат лозовите насади. Треба конечно винариите да сфатат дека треба да се воспостават партнерски односи со лозарите преку договорно производство, кое ќе се склучува на почетокот на производната година на грозје – велат од НФФ.

    Националната федерација на фармери со години бара измена на членот 20 од Законот за вино, така што исплатата за откупеното грозје за сите сорти да биде извршено во рок од седум дена без да биде намалена откупната цена за 8% или најдоцна до декември во тековната година, а не „како што е наведено сега во Законот, исплатата на износот за откупеното винско грозје на секој производител на винско грозје, винаријата или трговецот на винско грозје да ја изврши на три рати, од кои првата рата во висина од најмалку 20 проценти најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40 отсто најдоцна до 15 февруари наредната година од годината кога е извршен откупот и третата рата со останатиот износ, најдоцна до 30 април наредната година од годината кога е извршен откупот.

    Федерацијата на фармери инсистира и на реконструкција на системите за наводнување за да се подобри наводнувањето на лозовите насади.

    – Оваа сезона беше посебно тешка за лозарите поради климатските промени, големата суша и проблемите со системите за наводнување. Бараме итна реконструкција на овие системи за да се зачува грозјето – велат од Националната федерација на фармери.

    Оттаму истакнуваат дека ќе го следат тековниот откуп и ќе излезат со конкретен извештај и препораки во септември, но, истовремено, како и досега, ќе даваат предлози и насоки за измени на закони, стратегии и политики, во насока на подобрување на состојбата во лозарството и земјоделството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img