More

    Фараонот седи со двојна круна на главата и наметка со кобра

    spot_img

    Египетско-американски тим археолози го откри горниот дел од џиновска статуа на фараонот Рамзес Втори за време на ископувањата јужно од градот Миња во Египет, соопшти тамошното Министерство за туризам и антиквитети.

    – Блокот од варовник е висок околу 3,8 метри и го прикажува Рамзес седнат со двојна круна на главата и наметка со владетелска кобра – појасни раководителот на египетскиот дел од тимот Басем Џихад.

    Статуата, споена со нејзиниот одделен долен дел ископан пред неколку децении, би достигнала околу 7 метри. На горниот дел од задниот столб на статуата има хиероглифски натписи што го воспеваат еден од најмоќните владетели на Древен Египет познат и како Рамзес Велики. Тој бил третиот фараон од 19-та египетска династија и на престолот бил од 1.279 година п.н.е. до 1.213 година п.н.е.

    – Истражувањата потврдија дека горниот дел од статуата се совпаѓа со претходно откриениот долен дел забележан од германскиот археолог Гинтер Родер во 1930 година – изјави управителот на египетскиот Врховен совет за антиквитети Мустафа Вазири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img