Фан ја тужи Мадона, се разболел поради неа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската 65-годишна пејачка Мадона, позната како „кралицата на поп музиката“, во својата долгогодишна кариера доживеа голем број контроверзии, а последна во низата е тужбата која ѝ ја упати еден од нејзините обожаватели, пишува Пејџ сикс.

Наводно, тој покренал правна постапка против популарната пејачка зашто без предупредување, „ги изложила обожавалите на порнографија за време на нејзината последна турнеја ‘Селебрејшн’“.

Мадона наводно е тужена за „лажно рекламирање и несакано изложување на сексуална содржина“.

Тужителот, Џастен Липелес, поднел колективна тужба во свое име и во име на сите поединци во Калифорнија кои купиле скапи билети за концертот на Мадона, тврдејќи дека публиката наводно била „присилена да гледа топлес жени кои симулираат сексуални дејствија“. Мадона ги „принудила оние што купиле билети да чекаат со часови во жешки, неудобни арени, како и дека ги изложувала на порнографија без предупредување“.

Тој ги обвини музичката икона, нејзиниот промотор „Лајв нејшн“ и другите организации вклучени во турнејата со 6 точки од обвинението, вклучително и прекршување на писмениот договор, несовесно лажно претставување, намерно предизвикување емоционална вознемиреност и лажно рекламирање.

Липелес тврди дека обвинетите, особено Мадона и „Лајв нејшн“, „намерно не ги известувале купувачите на билети“ за клучните прашања додека ја промовирале нејзината турнеја „Селебрејшн“.

Поради неинформираност, тој рано пристигнал во арената „Форум“, местото каде се одржал концертот, очекувајќи концертот да започне во 20.30 часот, како што било наведено на билетите. Наместо тоа, шоуто започнало по 22 часот, а ситуацијата се влошила откако Мадона наводно побарала да се исклучи ладењето во салата. Липелес истакна дека тој и останатите фанови почнале да се потат поради жештината и на крај „се разболеле“.

Иако Пејџ сикс не можеше да стапи во контакт со претставниците на Мадона, таа со децении претставува провокативни слики и теми преку нејзината музика, настапи и интервјуа.

 

Share This Article