More

    ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ГИ ОТФРЛА НАВОДИТЕ НА ИРЛ

    spot_img

    Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје најостро реагира на, како што вели, обидите на Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) да го нарушат неговиот кредибилитет со објавениот напис на својата веб-страница „Убиство во Тетово“, поврзан со трагичниот настан во модуларната ковид-болница во Тетово кој се случи на 8.9.2021 година.

    „Во написот се изведуваат апсолутно погрешни заклучоци и инсинуации поврзани со вештиот наод и мислење (ВНМ) изработен од ФЕИТ, а со кои неосновано и непринципиелно се нарушува достоинството и реномето на Факултетот, доведувајќи ја во прашање неговата стручност и интегритет, како и угледот на реномирани професори и експерти од областа електротехника кои беа вклучени во изработката на ВНМ по наредба на ОЈО – Тетово.

    Факултетот и неговите вработени секогаш пристапувале објективно, одговорно и професионално кон реализацијата на своите дејности. Вештачењето направено по наредба од ОЈО – Тетово е стриктно насочено кон конкретни прашања поставени од Обвинителството, што јавноста може да го увиди од документацијата приложена на веб-страницата на ИРЛ.

    Факултетот стои зад секој свој труд, истражување и вештачење и ги отфрла сите обиди за уривање на неговиот кредибилитет и интегритет, а особено преку изведување погрешни заклучоци, со поставување нестручни тези, приложување невистинити цитати и извлекување зборови надвор од контекст.

    Како јавна високообразовна институција апелираме ИРЛ во иднина да не го користи ФЕИТ во своите медиумски и други активности и да ја доведува во прашање неговата стручност и углед, без притоа да побара наше стручно мислење и толкување како повикана страна. Во спротивно, Факултетот ќе преземе активности за заштита на својот и академскиот и стручен углед на своите кадри“, се наведува во реакцијата на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img