More

    (Факсимили)Нов скандал го тресе Државното правобранителство на РСМ, кој и за каква цел ја форсира Симона Зориќ-Ристова за државен правобранител на РСМ?Дел1-ви

    spot_img

    Изборот за Државен правобранител на РСМ, откако сега поранешниот државен правобранител Агрон Речи си поднесе неотповиклива оствака, само уште повеќе ја усложни состојбата во оваа значајна државна установа, која постана мала бар, а на која насрнуваат премногу крокодили!!!

    Кој се аплицира за функцијата Државен правобранител на РСМ и секако кој партиски се форсира?

    Д-р Симона Зориќ-Ристова,контраверзен кандидат со подебел багаж!!!

     

    Една од главните апликанти за функцијата Државен правобранител на РСМ, зад која според сознанијата на Охридскај застанале и поголем број на партиски функционери на ВМРО ДПМЕН е Д-р Симона Зориќ-Ристова, досегашен Државен правобранител за подрачјето на град Скопје.

    Но според она што го дознава редакцијата Охридскај, токму зад името на Д-р Симона Зориќ-Ристова, се поврзуваат неколку матни зделки, во предмети кои пред надлежните органи ги застапувала Зориќ-Ристова, а во кој предмети истата не поднела соодветни поднесоци, за што државата Република Северна Македонија претрпила финансиска штета од над неколку милиони денари, но тоа не е се!?

    Прилог факсимил, Стечај над АД Полет Скопје каде благодарение на Д-р Симона Зориќ-Ристова буџетот на РСМ е олеснат за фантастични 133.725,596,00 денари или Д-р Симона Зориќ-Ристова на АД Полет Скопје и неговите сопственици им овозможило да го леквидираат друштвото а, при тоа на присвојат нешто над повеќе од 2.000.000 евра?Како дошло до ваквата состојба, оставаме да испита ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција и МВР на Панче Тошкоски?

    Во предметот со спорни и матни денационализации со АЛСАТ ,повторно псотапувала правобранителката Д-р Симона Зориќ-Ристова, и во овој сличај толку многу се замрсила работата ,што повторно државата доведена на колена,благодарение на Д-р Симона Зориќ-Ристова

    Но позадината на Д-р Симона Зориќ-Ристова стои нејзиниот сопруг ,судија и заменик поретседател на Апелациониот суд Скопје Ѓоко Ристески.Зад името на Ристески добро се познати безброј на предмети каде се појавуваат кадри на ДУИ,но и близок до Саша Мијалков.Исто така ,непозната е досегашната пракса во судството или поточно Апелациониот суд Скопје е единствен пример ,кој иа два заменици на претседатели? За Ристевски беа поднесени низ од преставки до Судскиот совет на РСМ, но за жал до ден денешен ова судско регилаторно тело,не разгледало ниту една преставка поднесена против судијата Ѓоко Ристевски,кој сега од петни жили се додворува во ВМРО ДПМНЕ како Д-р Симона Зориќ-Ристова постане Државен правобранител на РСМ?

    Поранешниот државен правобранител Агрон Речи ,во својата неотповиклива оставка поднесена до Влада на РСМ,а која оставка владата ја сокри од граѓаните на Македонија,јасно и недвосмислено пишува и објаснува за низата неправилности кој владеаат во Државното правобранителство, ставајќи псоебен акцент на лицето Д-р Симона Зориќ-Ристова,и директно посочувајќи го како генератор на низа неправилности во правобранителството,за што Речи ја известил владата ,МВР и Финасиската полиција на РСМ.

    Редакцијата Охридскај во прилог интегрално ја пренесува оставката на Агрон Речи,граѓаните имаат право да ја знаат вистината:

    -„До
    ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА
    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    Од
    ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА
    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА-АГРОН РЕЧИ
    Предмет: Поднесување на неотповиклива оставка
    Јас, Агрон Речи – Државен правобранител на Република Северна Македонија, до Владата на Република Северна Македонија, согласно член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за државно правобранителство, на ден 10.08.2024 година, ја поднесувам следната:
    О С Т А В К А
    При потполно чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија, поради лични причини.
    Од Владата на Република Северна Македонија барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница.
    О б р а з л о ж е н и е
    Од денот на моето именување од страна на Владата на Република Северна Македонија како носител на јавната функција – Државен правобранител на Република Северна Македонија, се до овој момент, достоинствено сум се соочил со сите предизвици кои се појавиле во поглед на правната заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија, преку редовно превземање на соодветни мерки и правни средства, вршејќи ги своите надлежности врз основа на Уставот, законот и ратификуваните меѓународни договори. При извршувањето на моите надлежности активно сум соработувал со органите на државната власт и со физички и правни лица, во сите прашања од заеднички интерес. Во продолжение ќе истакнам неколку активности кои сметам дека беа од круцијално значење за работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија.
    Во текот на редовното работење, од позиција на Државен правобранител на Република Северна Македонија, преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија како правен застапник на Јавното претпријатие за државни патишта и другите државни органи, меѓу другото активно се залагав за успешно завршување на
    2
    актуелните постапки за експропријација, поведени со цел за реализирање на јавниот интерес. Благодарение на мојот личен ангажман и ангажманот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, горенаведените постапки за експропријација се реализираат ефикасно, на начин што е најповолен и најекономичен во смисла на државните интереси, водејќи ги процедурите законито, а притоа со извлекување на минимални и нужни трошоци спрема поранешните сопственици и нивните полнмошници, без непотребно оптеретување на буџетските средства од државата.
    Во текот на моето работење, заради почитување на законите и подзаконските правни акти, како и заради обезбедување на професионалност во финансиското работење, во рамки на моите ингеренции, со залагање од страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија, преку Министерството за здравство, раскинати беа договорите за јавни набавки склучени со носителите на набавката во врска со изградба, доградба, реконструкција, пренамена и адаптација на Општата болница во Кичево, Клиничкиот центар во Штип и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо” во Охрид. Посочените договори беа раскинати од причини што правните лица кои беа избрани како најповолни понудувачи и беа задолжени да ги реализираат своите активности стручно и навремено, истите напротив, манифестираа крајна неодговорност и непрофесионалност, така што ги прекршија основните превземени договорни обврски и истите не ги исполнија во рокот утврден во склучените договори. Со нивното задоцнување и непочитување на обврските, претходно се причинуваше штета на имотните интереси на државата, па следствено на тоа преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија, во текот на извршување на мојата функција, овој државен орган пред надлежните судови поведе постапки за надомест на штета против конкретните правни лица, по што се оформени судски предмети со значителна вредност.
    Чувствувам за потребно да ја споменам и иницијативата што како Државен правобранител на Република Северна Македонија ја поднесов до Министерството за внатрешни работи во врска со исплата на надоместоците и додатоците што на вработените во рамки на тоа министерство, им следуваат согласно законите, подзаконските акти и колективните договори. Имено, се соочувавме со состојба каде законските надоместоци и додатоци на лицата вработени во Министерството за внатрешни работи, години наназад не им беа воопшто надоместени или истите се надоместува со големо задоцнување. Ваквата иницијатива беше поднесена во период додека со Министерството за внатрешни работи раководеше екс-министерот Оливер Спасовски, меѓутоа истата, по извесно време, беше темелно разгледана од страна на актуелниот министер Панче Тошковски, кој од своја страна истакна сериозни намери за превземање на неопходен чекор и тоа во најскоро можно време, кој што чекор ако се реализира ќе биде за искрена пофалба, така што побарувањата на работниците ќе започнат интензивно и навремено да се реализираат. На овој начин, правата на вработените во Министерството за внатрешни работи навремено ќе бидат остварени, вработените ќе започнат да покажуваат зголемена мотивација за работа, а притоа ќе се реализира и најважната цел на Државното правобранителство на Република Северна
    3
    Македонија, во смисла на штитење на економските интереси на Република Северна Македонија, бидејќи досега сериозни износи на парични средства од буџетот беа издвојувани заради измирување на адвокатските и судски трошоци, како и каматите поради ненавремено извршување на обврските.
    Во време на траењето на мојот мандат, Државното правобранителство на Република Северна Македонија активен придонес покажа и во делот на постапките кои се водат пред Постојаниот избран суд-Арбитража, при Стопанската Комора на Република Северна Македонија. Во тие постапки Државното правобранителство на Република Северна Македонија крајно професионално и неуморно вложуваше свои напори во решавањето на споровите со и без меѓународен елемент и покрај што што на сопствено инсистирање Владата на Република Северна Македонија го превзеде застапувањето на државата во истите.
    Државното правобранителство на Република Северна Македонија, вклучувајќи ме мене како ностел на шефовската функција, вклучувајќи ги државните правобранители за подрачје Скопје, како и државните правобранители за сите останати подрачја, чесно и доблесно ги извршуваше своите законски овластувања и обврски во поглед на застапување на државните и јавните органи во Република Северна Македонија, без во ниту една ситуација да наоѓа алтернативи и механизми за избегнување на одговорностите, дотолку повеќе што во една прилика на Шефот на кабинетот на Министерот на едно од новофромираните министерства, од наша страна му беше укажано дека застапник по закон на надлежните органи финансирани од буџетот, во постапките пред судовите и другите органи, во поглед на заштитата на имотните права и интереси, е исклучиво Државното правобранителство на Република Северна Македонија и дека не може вработените во органот кои имаат било каква раководна функција приватно да ангажираат адвокати за тие намени.
    Во продолжение, исто така ќе нагласам дека во изминатиот период исклучително успешно завршија повеќе постапки поведени пред надлежен граѓански суд од страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија, во врска со фирмата ТРАНСМЕТ ДОО Скопје, кој што случај и е доволно познат на јавноста под називот ТРУСТ. Имено, во тие постапки тужбите поднесени од страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија беа правосилно усвоени и договорите склучени во текот на стечајната постапка за продажба на имотот од горенаведеното правно лице, беа поништени. На барање од Државното правобранителство на Република Северна Македонија исто така во скоро време се очекува за должникот да се изготви нов план за реорганизација. На овој начин државата ќе биде значително обештетена во износи кои достигнуват повеќе од милион евра.
    Воедно, истакнувам дека сум особено горд на започнатата соработка со Управата за финансиска полиција во поглед на постапувањето согласно Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и
    4
    одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и, кои закони ќе започнат со примена во скоро време. Иако во иднина нема да ја извршувам функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија, сепак ќе останам отворен за секаков тип на натамошна соработка и во оваа област, со цел водење на брза и ефикасна постапка со која имотот што е конфискуван со правосилна судска одлука ќе може да се продаде и ќе се обезбеди враќање на криминално стекнатиот имот и средства, преку предвидените нови механизми кои се во согласност со европските и меѓународните стандарди.
    Штитејќи ги имотните и другите интереси на Република Северна Македонија, како и на другите државните и јавни органи, како Државен правобранител на Република Северна Македонија, согласно законските ингеренции, до Владата на Република Северна Македонија поднесов предлог за разрешување на двјаца државни правобранители. Владата таквиот предлог го оцени како основан и ги разреши државните правобранители поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Ова дејствие сметам дека позитивно се одрази во поглед на работењето на сите останати државни правобранители, кои се повеќе се трудат да работат чесно, професионално и законито.
    Во овој момент, користам прилика да укажам на постоењето сомнителност и неизвесност во работата на Владата на Република Северна Македонија, во поглед на одлучувањето по предлогот за разрешување на уште еден државен правобранител за подрачје Скопје. Во законита постапка, предлогот од моја страна е доставен до поранешниот владин состав од чија страна не беше постапено, меѓутоа и новиот состав на Владата на Република Северна Македонија се уште нема одлучено по истиот, иако се работи за поголем протек на време од денот на поднесување на предлогот. За мене нејасно и крајно симптоматично е зошто членовите на Владата затаија со постапувањето, во ситуација кога има неспорни факти кои укажуваат на еклатантно нестручно и несовесно вршење на функцијата, ако се има предвид дека државниот правобранител на кој се однесува предлогот сторил штета на имотните интереси на Република Северна Македонија во износ поголем од
    3 милиони евра, а за кои дејствија пред Основното Јавно Обвинителство Скопје против горепосочениот носител на јавна функција во тек е истражна постапка. Се поставува прашањето дали личните блиски релации на посочениот носител на јавна функција, со носители на јавни функции во судовите, доведуват до ваков исход. Дали дел од судството застанува во незаконита заштита на дејствијата кои штетат на државните интереси и има заткулисно влијание? Непостапувањето на Владата фрла сомнеж врз околноста дали власта ќе се бори против криминалните дејствија, кои беa особено нагласувани и истакнувани како приоритетен проблем во македонското правосудство од страна на актуелниот Премиер или пак таквата флоскула беше употребена само заради набивање на политички поени во предизборната кампања.
    За поголемиот дел од јавноста е познато дека за време на вршење на функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија, врз недвижен имот кој што е во моја сопственост, беше подметнат пожар, при што ми беше причинета сериозна материјална штета. Со овој чин иако во јавноста и во моите поблиски кругови се пробуди вознемиреност,
    5
    правна несигурност и страв, сепак јас, спротивно на тоа, трудејќи се да останам индолентен, достоинствено се соочив. Во врска со претходно наведениот настан надлежните органи на прогонот се уште немаат постигнато успех, односно и понатаму трагаат по сторителот и иако самиот настан несомнено претставува акт на насилство, државата преку своите институции до овој момент не обезбеди заштита на мојот имот. Владата со својот претходен состав како и Министерството за внатрешни работи на чело со екс-министерот, воопшто не завзедоа став по однос на кривично-правниот настан, не го осудија истиот и не застанаа во одбрана на правата и имотот на државните функционери во целина. Таквата пасивност на Владата пројавува очекувани сомневања врз тоа дали функционери кои беа дел од истата евентуално се замешани во овој штетен чин.
    Оваа оставка ја поднесувам од лични причини, од кои најдоминатно влијание врз ваквото мое одлучување имаше околноста што сум фамилијарна личност, со оформено семејство кое не живее градот каде што ја обавував функцијата. Одвоениот живот од семејството го инсинуира овој формален чин на напуштање на функцијата од моја страна.
    Во оваа прилика изразувам голема благодарност до сите поранешни и сегашни Државни правобранители, како и до сите останати вработени во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, кои несебично се вложуваат и придонесуваат успех. Очекувам натамошна соработка, професионално залагање и ефикасно извршување на надлежностите во насока на заштита на имотните и другите државни интереси.
    Согласно важечките законски одредби од член 23 став 2 и 3 од Законот за државното правобранителство, кои одредби беа изменети со Законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство објавен во Службен весник бр.53/2024 од 04.03.2024 година, од Владата на Република Северна Македонија барам најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија, да бидам именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бев именуван пред именувањето на функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија. Таа функција ќе продолжам да ја извршувам совесно и со целосна професионална посветеност, игнорирајќи секаков тип на политички притисоци и деструктвино однесување на поединци. Со почит, Државен правобранител на Република Северна Македонија-Агрон Речи ПОДНОСИТЕЛ Државен правобранител на РСМ Агрон Речи“.

    ПРОДОЛЖУВА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img