Фаќале врски преку Вилијам, кубурат со финансиите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно контактирале со неговиот брат, принцот Вилијам, заради разговор за можноста да се вратат во кралското семејство, вели неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch), додавајќи дека британско-американската двојка би го сакала тоа.

Веста доаѓа по гласините дека војвотката и принцот имаат криза во бракот па дури и дека се на пауза, а дека сето тоа е предизвикано од нивните финансиски проблеми.

Хари (38) и Меган имаа големи соништа да го освојат Холивуд кога се откажаа од нивните кралски должности на почетокот на 2020 година кога се сместија во својот дом во Лос Анџелес, САД. А пак, денес, поранешната американска глумица смета дека враќањето на кралските дворци може да биде спас за кариерата.

– Тоа би можело да ѝ помогне на неа и на Хари да продолжат со својата работа информирајќи ги другите за тоа како да го направат овој свет подобар. Уште една предност е тоа што таа (Меган) мисли дека би било прекрасно нејзините деца да имаат англиски нагласок – според анонимниот пријател.

Во јуни, „Спотифај“ го прекина својот договор вреден 20 милиони долари со продуцентската куќа на парот, „Арчевел аудио“. А, и нивниот договор од 100 милиони долари со Нетфликс „се држи на конци“, според западните медиуми – делумно поради тековниот штрајк на филмските работници.

– Откажувањето на ‘Спотифај’ беше доволно лошо. Сега кога и нивниот договор со Нетфликс е загрозен, Хари и Меган се плашат за нивните финансии – вели изворот.

Факт е дека ѕвездите „минаа покрај нив“. Војвотката и војводата од Сасекс не се воопшто популарни во САД, така што пред извесно време, на пример, биле исмејувани за скоро катастрофалната двочасовна бркотница со автомобил со папараците по настан во Њујорк.

Share This Article