Фармацевтскиот гигант, американската компанија „Фајзер“, денеска потпиша договор вреден 43 милијарди долари за купување на фармацевтската компанија „Сиген“ (Siegen) од Вашингтон, позната по напредните, насочени терапии против рак.
Се проценува дека ова е најголема инвестиција на „Фајзер“ во серија неодамнешни аквизиции кои користеа париа што компанијата ги заработи од продажбата на нејзината вакцина против ковид – 19.
„Фајзер“ во својата понуда ќе вклучи четири одобрени терапии за лекување на канцерогени заболувања, кои во 2022 година донесоа приходи од 2 милијарди долари.
Компанијата „Сиген“ од Вашингтон е пионер на комплексна терапија која синергистички ги напаѓа и уништува клетките на ракот како „водена ракета“, поштедувајќи ги здравите клетки.