More

    Фајон: Се обидувам да ја внесам Хрватска во Шенген што е можно поскоро, но…

    spot_img

    Кандидатот за словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон изјави дека се обидува да ја внесе Хрватска во Шенген што е можно поскоро, но дури откако во него ќе бидат поставени нови јасни правила.

    „Како некој кој со години се занимава со Шенген, се трудам Хрватска, како наш сосед, што поскоро да влезе во Шенген. Во Коалициониот договор дефиниравме, меѓу другото, два клучни надворешнополитички приоритети: спроведување на Арбитражниот договор со Хрватска и натамошното проширување на Унијата кон Западен Балкан“, рече Фајон.

    „Уште еднаш ве предупредувам, се соочуваме со предизвикот да поставиме јасни и транспарентни правила во Шенген зоната. Дури тогаш ќе биде реално можно проширување во трите готови земји (Бугарија, Романија и Хрватска). Паралелно со тоа оди и спроведувањето на Арбитражниот договор“, рече Фајон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img