Нафтата како и европските берзански индекси се во пораст по резултатите од првиот круг на изборите во франција, додека американските индекси се во пад.
Цената на нафтата „брент“ утрово се искачи на 85,5 долари по барел или бележи раст од о,58%, додека американската ВТИ нафта достигна цена од 82,1 што е зголемување за 0,63%
Еврото зајакна во однос на доларот по првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, бидејќи десничарската партија Национален митинг (РН) победи со помала разлика отколку што предвидуваа некои анкети, пренесува Ројтерс.
Доларот во однос на еврото падна за 0,2% и сега 1 евро чини 1,08 долари.
Курсот на еврото во однос на јапонската валута достигна највисоко ниво во историјата, 172,38 јени.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.434,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.216,65 поени, францускиот CAC 40 на 7.673,56 поени, а московскиот MOEX на 3.164,13 поени.