More

    Евросонгот е во недела во 16 часот, сè е спремно!

    spot_img

    Лара, Ирина и Јован, македонските претставници на јуниорската Евровизија во Ереван, главниот град на Ерменија штотуку ја имаа својата прва проба. Нивниот настап ќе биде пренесуван во недела во 16 часот на Макеоднската телевизија. Лара, Ирина и Јован, заедно со танчарките Александра и Мила насмеани и весели пробуваат на импресивната сцена. Тие ќе се натпреваруваат со уште 16 земји-учеснички, а закажани се да настапат 10-ти во редот.

    Со македонски  знамиња, придружувани од маестро Симон Трпчевски, авторот на нивната песна „Животот е пред мене“, тие вчера пристигнаа во Ереван и беа топло пречекани од фановите на црвениот тепих.

    Еве го промотивниот спот на „Животот е пред мене“ на Јутјуб кој веќе брои 5.000 лајкови од фановите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img