More

    Европските колеги го ставија Орбан на тапет за претстојната посета на Москва

    spot_img

    Полскиот премиер Доналд Туск објави порака на Икс во која го изразува своето изненадување што неговиот унгарски колега Виктор Орбан, само неколку дена по неговото патување во Киев, ќе ја посети Москва.

    „Гласините за твојата посета на Москва не може да се вистина, Виктор Орбан, или се?“

    Во четвртокот попладне протече информација дека Орбан заедно со неговиот министер за надворешни работи Петер Сијарто в петок ќе отпатува за Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

    И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, реагираше на медиумските гласини за планираната посета на Орбан на Русија, велејќи дека Унгарија, која претседава со Советот на ЕУ, „нема мандат да соработува со Русија во име на ЕУ…“

    „Европскиот совет е јасен – Русија е агресорот, а Украина е жртвата. Без Украина не може да има дискусии за Украина“, објави Мишел на Икс.

     

     

    „Фајненшл тајмс“ пишува дека еден Унгарец и двајца претставници на ЕУ потврдиле дека унгарскиот премиер во петок ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Претходно оваа недела, Орбан го посети Киев, велејќи дека „брз прекин на огнот може да се искористи за да се забрзаат мировните преговори“.

    Унгарската влада сè уште не ја коментирала ниту официјално ја потврдила посетата на Орбан на Москва, но портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач изјави дека за време на шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на ЕУ, Унгарија сака да остави трага и да го искористи ова претседателство на политички начин.

    – Имаме намера да оставиме трага. Знаеме кои се основните правила, принципи и задачи на претседателството, но премиерот Виктор Орбан ќе го искористи претседателството на политички начин – изјави Ковач на групата дописници од Брисел поканети во Будимпешта по повод крајот на неговото шестмесечно претседателствување.

    На прашањето што значи тоа конкретно, Ковач го наведе примерот со посетата на Орбан на Украина на самиот почеток на неговото претседателствување.

    – Премиерот Орбан сигурно знае дека разговара со украинскиот претседател во свое име, не во името на Советот, но во рок од два часа содржината на нивниот разговор беше доставена до Советот – рече Ковач.

    На прашањето дали Орбан е подготвен да се сретне со Путин без согласност на другите членки на ЕУ, Ковач во четвртокот рече дека „не сака да зборува за тоа однапред, но ќе ве информираме што се случило“.

    – Се трудиме да не дозволиме медиумите и медиумските толкувања да ја водат нашата политика, а тоа е можеби тајната на успехот на Унгарија – додаде Ковач.

    На почетокот на секое ротирачко претседателство, вообичаено е сите комесари на Европската комисија да доаѓаат во главниот град на земјата претседавач. Овој пат тоа не беше направено и Комисијата треба да дојде во Будимпешта дури наесен.

    Ова беше и причината што се шпекулираше дека е одложено поради планираното патување на Орбан во Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img