Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, а берзите истовремено забележаа и скок на цените на нафтата и златото.
Според податоците на берзата, Цената на нафтата од типот „ брент“ утрово порасна за 0,42% на 85,47 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска на почетокот на тргувањето порасна на 18.433,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.215,53 поени, францускиот CAC 40 на 7.619,99 поени, додека московскиот MOEX порасна на 3,215.91 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.721,36 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.633,91 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.647,45 поени.