More

    Европскиот парламент го објави Извештајот-резолуција на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за Македонија, изработен по извештајот на Европската комисија

    spot_img

    Европскиот парламент го објави Извештајот-резолуција на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за Македонија, изработен по извештајот на Европската комисија, во кој се поздравува континуираната посветеност на Македонија за интеграција во Унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи.

    На извештајот долг десет страници, бугарски европратеници поднесоа дури 320 амандмани на 161 страница, за кои идната денела ќе расправа Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Со овие амандмани бугарските европратеници ќе се обидат да ги вметнат нивните критики кон Македонија во резолуцијата.

    Во нацрт-резолуцијата на известувачот за Македонија Илхан Ќучук се нагласува дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во долгорочен мир, а земјата се етаблира како сигурен партнер и спроведе трајни реформи на патот кон ЕУ. Во неа се поздравува континуираната посветеност на земјава за интеграција во Унијата, која се заснова на одржлив напредок во обезбедувањето на демократијата, владеењето на правото и основните права, додека се движи кон меѓусекторско усогласување на политиките.

    Европскиот парламент го поздравува целосното усогласување на Македонија со надворешната и безбедносната политика на Унијата – вклучително и нејзиниот отворен одговор на агресијата врз Украина – во согласност со рестриктивните мерки на Унијата кон Русија и Белорусија.

    Понатаму, во резолуцијата се повикуваат креаторите на политиките да поттикнат национален консензус за интеграцијата во ЕУ, надградувајќи се на успешното започнување на процесот на проверка и да работат на постигнување, до 2030 година, на амбициозната цел за исполнување на критериумите за членство во Унијата.

    Известувачот изразува загриженост за непотребното одложување на процесот на пристапување; ја нагласува потребата да се зајакне транспарентноста, отчетноста и инклузивноста на процесот, вклучително и неговата парламентарна димензија.

    Ќучук, за разлика од неговите бугарски колеги, ја поздравува добро воспоставената хармонија меѓу заедниците во Македонија и ја повикува земјата да ја задржи својата долгогодишна посветеност на мултикултурализмот и инклузијата.

    Во резолуцијата се забележува посветеноста на Македонија за позитивна дипломатија и добрососедски односи, која ја повторува својата целосна поддршка за доследно спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција.

    Тој предупредува против обидите за поткопување на мирните меѓузаеднички и билатерални односи и жали за сите внатрешни и надворешни дејствија кои ја поткопуваат стабилноста и го загрозуваат регионалното помирување.

    Во нацрт-резолуцијата Ќучук повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи, ги повикува регионалните партнери да ја вратат довербата и да соработуваат во меѓусебно почитување и во дух на добрососедство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img