More

    Европски грант од 1 милион евра за МОН

    spot_img

    Во педесетина училишта во Македонија ќе се инсталираат соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.

    „Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и ќе ја подобрат енергетската ефикасност. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава“, соопшти МОН.

    Проект е одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки. На потпишувањето на договорот министерката Јаневска изразила благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во образованието.

    Министерката Јаневска изразила очекувања дека ќе продолжи соработката, со цел достигнување на европските стандарди за квалитет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img