More

    Европската Унија загрижена од развојот на настаните

    spot_img

    Тензиите меѓу Косово и Србија последните денови ја загрижија Европската Унија, се бара веднаш двајцата лидери да преземат одговорност, ризик има за целиот регион ако дојде до поголема ескалација, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Ова денеска го изјави портпаролот за надворешна политика, Петер Стано.

    – Секогаш кога има локална нестабилност, таа се извезува, има импликации за поширокиот регион, како што гледаме во Украина – рече Стано.

    Тој истакна дека ако на европско тло се појави нова точка на конфликт поради продолжување на ескалацијата „никој не може да спречи избувнување на несреќни случувања кои би можеле да доведат до насилство“, изјави Стано.

    – Ако нешто избувне локално тоа неизбежно ќе има последици за регионот, ова е нешто што ЕУ не може да си го дозволи, Србија и Косово не можат да си го дозволат, регионот не може да си го дозволи и затоа повикуваме на одговорност од двајцата лидери за да спречат натамошна ескалација, додаде портпаролот за надворешна политика во ЕУ.

    Викендов реагираше и Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел преку писмено соопштение во кое побара Србите на Косово да не прават опструкции, а од косовската Влада побара флексибилност за одлуката за регистарските таблици, како и почитување на одлуката за воспоставување на Заедница на српски општини.

    Оваа долгогодишна обврска за косовските власти произлегува токму од Бриселскиот договор помеѓу Белград и Приштина, но Косово одбива да ја примени.

    Денес Петер Стано повторно во име на ЕУ ја повика Приштина да ја почитува оваа одредба од договорот.

    – Има јасна обврска за Косово веднаш да ја етаблира оваа заедница, тоа е обврзувачка законска обврска и постојаното неприменување го поткопува принципот на владеење на правото и им штети на репутацијата и кредибилитетот на Косово, изјави денеска Стано.

    Тензиите од последните денови ЕУ ги оценува како „опасна ескалација“ која загрозува „години макотрпна работа“ и ќе има последици и за двете земји и за целиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img