More

    Европската Унија се освести, економската стабилност во Македонија во сенка на туѓи интереси

    spot_img

    Рударскиот сектор во Македонија продолжува да стагнира. Повеќе најавени инвестиции во оваа област остануваат нереализирани. Дополнително, ова прашање под притисок на дел од јавноста сѐ почесто станува тема за дневно-политички препукувања, особено во предизборен период. Инвестициите не се остваруваат претежно поради неиздадени концесии, а други поради одамна запрениот процес на добивање концесии за истражување и за експлоатација на минерални суровини.

    Од Македонската рударска асоцијација претходно информираа дека учеството на рударската индустрија во вкупниот БДП на земјата се движи околу 2 проценти, што е релативно скромно во споредба со високо развиените индустриски земји како Австралија, Германија, САД и Полска, каде придонесот на рударството во вкупната економија е далеку поголемо.

    Една од поголемите најави од изминативе години беше вложувањето во изградба на рудникот за бакар „Казандол“ во Валандово. Првичната инвестиција на англиско-украинската компанија „Сардич“ беше проценета на 25 милиони евра и беа предвидени 250 вработувања. Сепак, Владата реши да го раскине договорот. Понатаму, канадската компанија „Резервоар минералс“ исто така се соочи со голем број предизвици, а по одржаниот референдум во Гевгелија во 2017 година, воопшто и не беше продолжена концесијата за рудник за злато во Кожув. Последно, правната несигурност се одрази и на инвестицијата во рудник за бакар во Иловица, на канадската групација „Трафигура“, преку домашната фирма „Еуромакс ресоурсес“. Во овој случај, остануваат нереализирани нови 360 милиони евра првична инвестиција и околу две илјади директни и индиректни вработувања.

    Сепак, според дел од меѓународните истражувачки центри и медиуми, за ваквата состојба во позадина се кријат политичко-економски интереси, а не цели за заштита на животната средина. И тоа не било чии, туку директно на Москва. Рускиот медиум „Инсајдер“ го поврзува делувањето на дел од активистите кои се против отворањето на рудниците со блокадата за западните инвестиции.

    „Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Sardich. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на ‘Геополитика’ и на веб-страницата на ‘аналитичкиот центар’ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

    Додека западните инвестиции кај нас тапкаат во место, Европската Унија реши од 2024 година да ги олесни процедурите во рударството и бара засилено да се истражуваат геолошките ресурси. Брисел веќе изготви и листа на критични минерални суровини, за кои не сака да биде премногу зависна од трети страни, како Кина и Русија. Со овие минерали Унијата очекува забрзано да се реализира зацртаната зелена агенда. Меѓу критичните суровини се најдоа бакарот, магнезиумот, алуминиумот, титаниумот, кобалтот и други. Покрај тоа што кај нас континуирано се забележува дека инвестициите во рударството се попречуваат, власта со Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан се заложи дека ќе се придржува до новите правила на Брисел кои ќе започнат да се имплементираат од наредната година.

    „Во врска со интеграцијата на Западниот Балкан во индустриските синџири на снабдување, го поздравуваме интересот изразен од партнерите од Западен Балкан да им се приклучат на партнерите за вредносниот синџир на ЕУ за критични суровини и да добијат поддршка за развој на релевантните индустрии, во согласност со потребите и стандардите на единствениот пазар на ЕУ“, пишува во Декларацијата од Самитот, која доби поддршка и од македонските власти.

    Дел од домашните експерти потенциираат дека изградбата на рудниците е прашање на иднината од кое зависи и економската стабилност на државата. Според металуршкиот инженер Виктор Грозданов, оваа тема не треба да се политизира, а државата не смее никого да дискриминира или ограничува при повикувањето на државните регулативи за инвестиции.

    „Изградбата на нови рударски капацитети во Македонија е прашање на иднината кое надминува еден политички мандат на Собрание, Влада, Претседател на Републиката, градоначалници и локални совети. Ова прашање не смее да се става во контекст на дневно-политичка агенда и предизборни калкулации. Едноставно, долгорочната економска стабилност на нашата татковина зависи од правецот кој ќе го фатиме токму по прашањето на индустријализацијата“, пишува Грозданов.

    Во земјава во последните 40 години е отворен само еден рудник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img