Европска Унија денеска по 13 пат воведе санкции кон Русија во пресрет на втората годишнина од инвазијата на Москва врз Украина, соопшти Белгија, која претседава со ЕУ.
Нацрт-предлогот во кој имаа увид западни медиуми вклучува ограничувања на извозот на три кинески фирми за снабдување на руската војска и ставање на црната листа на севернокорејскиот министер за одбрана поради испорака на проектили во Русија.