More

    Европската унија најави санкции, ако Мета не ја подобри заштитата

    spot_img

    Раководството на Европската унија (ЕУ) му се закани на технолошкиот гигант Мета со строги санкции и ја повика компанијата да преземе итни мерки за заштита на децата, јавува Анадолија.

    „Доброволниот кодекс на Мета за заштита на децата се чини дека не функционира“, напиша  Тиери Бретон, комесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, на Твитер.

    Тој го повика извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг, да објасни и веднаш да преземе мерки и најави дека лично ќе разговара со него во седиштето на Мета.

    Бретон, исто така, му се закани на Мета со „строги санкции“ доколку не ги почитува правилата на ЕУ по стапувањето во сила на новиот Закон за дигитални услуги.

    Неговите коментари дојдоа откако американскиот весник „Волстрит журнал“ откри дека педофилска мрежа може да работи на Инстаграм бидејќи платформата дозволува објавување хаштагови и пребарување на експлицитни клучни зборови.

    Новиот закон на ЕУ за дигитални услуги стапува на сила на 25 август и ќе воведе построги правила на дигиталните платформи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img