More

    Европската Унија ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

    spot_img

    Европската Унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.

    – По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети – изјави координаторот.
    Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

    Бергстром изјави дека ЕУ сѐ уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

    – Но, ќе го направиме тоа наскоро. Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img