Европската Унија е шокирана и згрозена од извештаите за терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, напиша на Х портпаролот за надворешни работи на Унијата Петер Стано на Х.
„ЕУ ги осудува сите напади врз цивили. Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани“, додаде тој.
Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол.