More

    Европската турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во 18 градови која започна во мај, ги зголеми цените на услугите

    spot_img

    Европската турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во 18 градови која започна во мај, ги зголеми цените на услугите, па некои експерти забележаа значително економско влијание во градовите каде што се одржуваат концертите.

    Медиумите побараа мислење за ваквото тврдење и од претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард

    – Не е само Тејлор Свифт знаете, не е единствениот фактор што ја одржува високата инфлација во еврозоната – изјави за Си-ен-ен Лагард на прашањето дали турнејата на Свифт ја зголеми инфлацијата на услугите низ еврозоната.

    Лагард, го окарактеризира првото намалување на стапката во јуни како само „ублажување на нивото на ограничување“ на економијата, а не како почеток на брза серија намалувања.

    Таа во говор во понеделникот рече дека банката треба прво да се увери дека инфлацијата е цврсто под контрола пред повторно да ја намали основната стапка по првото намалување за квартал на состанокот на 6 јуни на сегашните 3,75%.

    Инфлацијата на услугите, една од критериумите што внимателно ги следи ЕЦБ, остана стабилна во еврозоната на 4,1% во јуни. Базичната инфлација, без енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се задржа на 2,8%.
    Во исто време, вкупната инфлација падна на 2,5 % во јуни, во споредба со 2,6 %о еден месец порано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img