Европската централна банка ќе ја задржи референтната каматна стапка на 4%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Франсоа Вилерој де Гало денеска изјави дека ЕЦБ ќе ја задржи референтната каматна стапка на 4% „доволно долго“ за да се стабилизира економијата.

-Инфлацијата е болест, а каматните стапки се лекот што почнува да делува… Сметаме дека 4% е добро ниво. Треба да ја задржиме оваа референтна каматна стапка доволно долго – рече тој во интервју за БФМ телевизија.

ЕЦБ ја зголеми својата референтна каматна стапка на рекордни 4% претходно овој месец и сигнализираше дека тоа најверојатно ќе биде последното зголемување на каматната стапка поради забавувањето на економијата во еврозоната.

Share This Article