More

    Европската комисија предлага да се укинат визите за имателите на српски пасоши во Косово

    spot_img

    Европската комисија предложи да се укинат визите за граѓаните на Косово чии пасоши ги издава Дирекцијата за координација на Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

    Европската комисија му предложи на Европскиот парламент Регулативата на ЕУ 2018/1806, со цел имателите на српски пасоши од Косово, издадени од Дирекцијата за координација на Министерството за внатрешни работи на Србија, да бидат ослободени од барањето да имаат виза при преминување на надворешните граници на членките на Унијата, за престој не подолг од 90 дена во кој било период од 180 дена.

    Со оглед на тоа што визната либерализација за граѓаните на Косово стапува на сила од 1 јануари 2024 година, Европската комисија смета дека причините за исклучување на имателите на српски пасоши издадени од Дирекцијата за координација на МУП на Србија веќе не постојат, односно дека сите граѓани на регионот на Западен Балкан треба да има придобивки од безвизното патување во земјите од Шенген.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во април, говорејќи за визната либерализација за граѓаните на Косово, изјави дека верува оти до Нова година ќе се реши проблемот на Србите од Косово кои не сакаат да земат приштински пасош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img