Европска Унија се договори со Норвешка да го зголеми снабдувањето со цел да го надополни недостигот од гас на земјите-членки на ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европска Унија се договори со Норвешка, најголемиот западноевропски производител на гас, да го зголеми снабдувањето со цел да го надополни недостигот од гас на земјите-членки на ЕУ, од кои половина се соочуваат со прекини во испораките од Русија.

Брисел соопшти дека 12 земји-членки се соочуваат со недостиг бидејќи Русија го намали транспортот преку гасоводот Северен поток 1, со образложение дека има технички проблеми.
Русија претходно ја прекина испораката на гас на Полска и на Холандија, како и кон други земји кои одбија да платат во рубљи.

Норвешка го зголеми производството на гас за да одговори на европскиот недостиг и очекува раст на продажбата од осум отсто на 122 милијарди кубни метри годишно.

ЕУ една петтина од потребите за гас ги снабдува од Норвешка, а од Русија, пред инвазијата врз Украина, увезуваше 40 проценти од вкупните потреби за гас.

Share This Article