Европратеници бараат оставка од комесарот Вархеји

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европски пратеници бараат од комесарот за проширување Оливер Вархеји да поднесе оставка поради вчерашниот инцидент што се случи во Европскиот парламент додека комесарот одговараше на пратенички прашања за проширувањето со Западен Балкан.

Камерите го снимија унгарскиот комесар Вархеји како пратеници ги нарекува „идиоти“.

Откако одговорил на прашање од пратеник, седнал и наводно на унгарски рекол „колку уште други идиоти има?“

Дел од пратениците бараат и истрага за комесарот.

Вархеји денеска рече дека неговата изјава е „извадена од контекст“, („колку уште други идиоти има?“) која ја изговори откако одговори на прашање на хрватскиот претставник Томислав Сокол во дебатата за политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Share This Article