More

    Европјаните се фини луѓе, но Европа е опасно ѕвериште

    spot_img

    „Насловот го украдов од латинска изрека што се однесува на римскиот сенат (Сенаторите се добри луѓе, но Сенатот е опасен ѕвер), која ја опишува суштинската разлика помеѓу изјавите и чувствата на луѓето, и безмилосното функционирање на институциите на кои им припаѓаат. Разлика поради која врз одлучувањето на Европската унија не влијаат ниту логиката, ниту правото, ниту добрите обичаи, ниту примерите, а ниту пак преседаните, туку само и единствено империјалниот интерес. Затоа и со империјлна грациозност и бездушност ни стави на маса рамка за преговори од која смрдат тоталитаризмот, фашизмот и расипаниот здив на дневниот военополитички интерес. Реи што никако не и прилегаат на Европа за која сонувавме кога станавме земја кандидатка, реи смртни што се ширеа пред осумдесет години кога мрачниот континент ги убиваше своите жители на милиони“, пишува професорот Мирослав Грчев во „Слободен печат“.

    Во колумната, Грчев одговара на критиките што му ги упатува колумнистот на Фронтлајн Бранко Тричковски:

    „Фомирањето на бугарско-македонска удба, нквд, енесеј, гестапо, штази и секуритате, што ќе воведат ‘процедури’ и цензури, и ‘брзи и ефективни мерки за превенирање’ на зломислењето и говорот на македонските граѓани е, значи, суштински услов за почеток на преговорите со Европа. Со претворањето во орвелската дистопија 1984 Македонија би требало да доживее катарза на ослободувањето од себе (и од слободите на мисла и говор, разбира се), под будното бугарско око и администрација. Да, драги мој Тричко, по читањето на оваа траорна тоталитаристичка бугарска проза, заради чиешто превенирање Орвел и ја пишувал ‘1984’, можам да помислам само на поливање со бензин преку глава и самозапалување, но проевропски ентузијазам и оптимизам, релаксирање и еластичност, навистина не знам од каде успеваш да исцедиш“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img