Европа се прашува каква штета може да предизвика системот „Орешник“ ако носи нуклеарни боеви глави, дали е можно да се соборат овие проектили и колку брзо ракетите ќе стигнат до главните градови на Стариот свет, рече Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
– Одговор: штетата ќе биде колосална, невозможно е да се собори со современи средства, а зборуваме за минути. Нуклеарните засолништа нема да помогнат, така што единствената надеж е дека добрата Русија однапред ќе предупреди за лансирањето. Затоа е подобро да престанат да ја поддржуваат војната – рече Медведев.
Тој како одговор на идејата за снабдување на Киев со нуклеарно оружје, предложи добро да размислат на кого од американските непријатели Русија би можела да му ја предаде својата нуклеарна технологија.