More

    Европа размислува за помали забрани за да се усогласи со Орбан

    spot_img

    Дипломатите на ЕУ размислуваат за одложување на ембаргото за руската енергија поради силното противење на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјавија дипломати од ЕУ за Политико. Како замена за ова, се размислува за воведување само на оние санкции кои Унгарија би можела да ги поддржи, на пример забрана само за нафтата која се испорачува со брод, што претходно беше предлог на Будимпешта.

    Фактот што дипломатите размислуваат за ваков драматичен чекор покажува колку ѝ е тешко на ЕУ да ја интензивира економската офанзива против Кремљ и колку би било тешко ЕУ да го запре увозот на руска енергија.

    За земјите без излез на море, како Унгарија и Словачка, кои во голема мера се потпираат на руската нафта, забраната за сурова нафта ќе биде тежок удар за економијата. Комисијата се обиде да постигне компромиси со Орбан, но досега неговата влада вели дека ѝ треба повеќе време и потенцијално повеќе пари, пред да донесе таква одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img