More

    Европа не е подготвена за ембарго на рускиот гас

    spot_img

    Европа не е подготвена за забрана на увозот на гас од Русија, а прекин на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и стопанството во целина, изјави Алфред Стерн, првиот човек на австриската нафтена компанија „ОМВ“.

    – Мислам дека не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба јасно да се разбере – ние не можеме во Европа да обезбедуваме снабдување со гас од сопствено производство, туку преку испораки од Русија – истакна Стерн во интервјуто за виенски „Курир“.

    Управата на „ОМВ“ смета дека прекинот во снабдувањето би имал големи последици врз индустријата и економијата.

    – Се разбира, постои Закон за стопанисување со енергенсите што ќе обезбеди греење за домаќинствата. Домаќинствата годишно трошат во просек околу 20 отсто од гасот, потребни ни се околу 35 отсто за производство на енергија и околу 40 отсто за индустријата. Но, не се работи само за тоа, туку за одржување на нашата економска активност, а тоа повеќе не би било можно во случај на ембарго – додаде Стерн.

    Што се однесува до нафтата, Стерн истакна дека „ОМВ“ не користи руски суровини во ниту една од своите рафинерии. Но, тој предупредува дека Русија произведува 10 милиони барели дневно, десетина од светското производство на нафта, од кои 50 отсто се извезуваат.

    – Тоа се значителни количества, а разликата во цената меѓу нафтата „брент“ и „урал“ моментално е 30 долари за барел. Безбедноста чини пари, а ембаргото го намалува обемот на испораки. Поради послабите економски прогнози, побарувачката за нафта веројатно нема да се зголеми толку многу, но може да се очекува дека цените на нафтата ќе останат високи. Пазарите не реагираат само рационално, тие се водени и од страв и емоции – вели Стерн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img