Според некои странски медиуми, на подрачјето на централна Европа, поточно Австрија и Швајцарија, викендов започнува топлотен бран кој би можел да трае до петок.
Имено, според австриските медиуми, во алпскиот регион се најавени температури до 37 Целзиусови степени.
„И на највисоките планински врвови во државата можно е да се забележат двоцифрени плус температури. Ова е посебен проблем за глечерите и се очекуваат загуби од пет до десет сантиметри во дебелината на мразот дневно“, пишува Heute.
Според метеоролозите, причина за новиот топлотен бран е силно подрачје со висок притисок. Областите со висок притисок во лето обично се нарекуваат „топлински куполи“.
„Доколку времето трае неколку дена, и ако продолжи дотокот на многу топол воздух, во атмосферата се развива „меур“ со топол воздух или „топлинска купола“. Затоплувањето во атмосферата е забележливо и на теренот“, вели Хеуте.
„Кога се комбинираат факторите како сувата почва, „сувиот“ ветер и високата положба на сонцето, многу често се поставуваат нови температурни рекорди“, се наведува во магазинот.