Рускиот претседател Владимир Путин вчера беше во посета на руската енклава Калининград, од каде испрати остра порака до Западот и Европа.
Путин предупреди дека балтичките земји не се подготвени за она што следува, откако многумина одлучија да ги урнат советските воени споменици.
– Ова е зачудувачки незнаење и недостиг на разбирање каде живеат, што прават и што ќе следи – им порача Путин на студентите од Балтичкиот федерален универзитет „Емануел Кант“ во Калининград.
Руската енклава Калининград се граничи со Полска и со Литванија, а излегува на Балтичкото Море. Коридорот Сувалки од стотина километри во Полска кој го дели Калининград со Белорусија се смета за европско „буре барут“ во затегнатите односи меѓу Русија и Западот.