Европа го одобри Евушелд на АстраЗенека

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

АстраЗенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран лек со антитела со долго дејство за пациенти со ковид-19, Евушелд, е одобрен во Европската Унија за лица на возраст од 12 години и постари.

Одобрувањето на Европската комисија е засновано на резултатите од третата фаза од студијата за Евушелд, соопшти британско-шведската фирма.

Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку.

Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на ковид-19 кај возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година, и веќе е достапен во повеќето земји во Европа.

Share This Article