Евроамбасадорот во земјава, Ричард Гир, остро ги осуди изјавите на бугарскиот европратнеик Ангел Џамбаски како неприфатливи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Евроамбасадорот во земјава, Ричард Гир, остро ги осуди изјавите на бугарскиот европратнеик Ангел Џамбаски како неприфатливи. Тој вели дека тие не го одразуваат официјалниот став на ЕУ.

„Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ. За вчерашните забелешки околу претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, тоа апсолутно не ја претставува позицијата на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, се вели во реакцијата на евроамбасадорот Гир.

Гир потсетува дека и Европскиот парламент и и бугарското МНР веќе се оградиле од изјавите на Џамбаски.

Share This Article