Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, дава поддршка за Македонија што побрзо да почне со пристапните преговори за членство во ЕУ.
Гир вели дека македонскиот јазик во преговарачката рамка е без фуснота.
„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“, напиша Гир на Твитер.