More

    Евроамбасадорот Гир вели дека Македонија не постапува по препораките на ДКСК и ДЗР

    spot_img

    Малку е постигнато досега во борбата против корупцијата во Македонија, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот состанок со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

    Гир посочи дека често не се постапува по препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) и Државниот завод за ревизија(ДЗР) иако тие вршат важна работа.

    – Исто така, и нивото на имплементација на Националната стратегија за борба против корупција останува незадоволителна и претставува само 10 проценти според минатогодишниот извештај на ДКСК. Во оваа Стратегија има јасни и прецизни задачи за секоја институција присутна на состанокот. Трансформирањето на добрите намери во дела бара напорна и заедничка работа и соработка. Можете да сметате на нашата поддршка  – изјави Гир.

    Тој нагласи дека судството има клучна улога во борбата против корупцијата и затоа треба да биде независно и професионално, а судиите и обвинителите да делуваат со интегритет ослободени од политички влијанија или финансиски стимулации.

    – Тоа е судство што ќе ја поврати довербата на јавноста – порача шефот на Делегацијата на ЕУ.

    Во Извештајот одреден напредок е нотиран и во однос на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со јакнење на неговите ресурси и ангажирање финансиски експерти, што, според Гир, е нужно за да се зголеми бројот на конечни пресуди во случаите на висока корупција и заплена на незаконски стекнат имот.

    Фото: MIA

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img