Евроамбасадорот Гир вели дека јавната дебата за францускиот предлог е многу тешка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јасно е дека дискусијата дали да се продолжи со овој ревидиран француски предлог или не е во рацете на оваа земја. Не е на ЕУ, не е на Претседателството, ниту на друга земја членка на ЕУ, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на форумот „Западен Балкан и ЕУ во 2022: што претстои“.

Според него, тоа не значи дека земјата треба да прифати секаков предлог или францускиот ревидиран предлог.

– Земјата треба да одлучи, но тоа е фактор во изборот и тој избор да се направи смирено и со дискусија. Предлогот е секако компромис, многу чувме за тој компромис, некои оценки се фер, некои далеку од вистината – изјави Гир.

Тој вели дека јавната дебата е тешка и емотивна и оценува дека е направена штета што досега се доцни во унапредувањето на пристапниот процес.

– Забелешките што сакам да ги дадам не се наменети да извршат притисок или да залажуваат или да направат нешто друго освен да се обидам да дадам појаснување бидејќи јавната дебата е многу тешка и стана многу поларизирана што очигледно е за жалење. Оваа дискусија треба да ја започнеме од страна на ЕУ, исто така, признавајќи одредени пропусти. Направена е штета без сомнение поради доцнењата во унапредувањето на пристапниот процес. По Преспа беше големото достигнување да се влезе како членка на НАТО – рече Гир посочувајќи дека земјата постигнала голем напредок, но ЕУ не дала отворање на преговорите и тоа довело до фрустрација и недоверба во јавноста во целиот процес.

Share This Article