Претседателот на Еврејската заедница од Македонија, Пепо Леви, најави дека до Обвинителството ќе поднесат кривична пријава за името на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид.
– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството – изјави Леви за Сител во врска со најавеното отворање на бугарскиот клуб именуван по сојузникот на Хитлер во Втората светска војна.
Отворањето е најавено за 7 октомври, четири дена пред Денот на народното востание на македонскиот народ.