More

    Евертон во болка, Премиер лигата бара одземање на 12 бода

    spot_img

    Премиерлигата предложи казна со одземање на дури 12 бода на Евертон поради кршење на правилата за профит и одржливост, објавија денеска британските медиуми.

    Одлуката за овој случај се очекува на крајот на годината, а доколку се докажат прекршоците кои му се ставаат на товар на Евертон, карамелените ги чека многу сериозна казна.

    Премиерлигата предложи казна одземање дури 12 бода, што е максимална казна.

    Случајот моментално е пред независна комисија, а е покренат поради рекордните загуби на клубот во изминатите три години – дури 371,8 милиони фунти, што за 105 милиони ги надминува границите поставени од Премиер лигата. За казната ќе одлучува истата комисија.

    Од Евертон изјавија дека строго ги почитувале сите правила и дека на секој можен начин ќе ја бранат својата позиција и не потсетуваат на исклучоците од правилата кои важеа поради пандемијата на коронавирус.

    Во случај Евертон да биде казнет, ​​одземањето бодови ќе биде само една од многуте казни што ги очекуваат „карамелите“. Евертон може да се соочи и со забрана за трансфери и низа други казни, а се очекува Премиер лигата да ги бара сите останати достапни казни.

    Ваквиот однос на премиерлигашот може да предизвика паника и во Манчестер Сити, против кого на почетокот на годината беше покрената истрага за прекршување на 115 правила во период од 14 сезони, а исходот е очекуван и во овој случај.

    Соопштението на Премиер лигата за покренување истрага уште во март е единственото што го објави лигата за овој случај, која потоа најави дека нема да има дополнителни коментари до завршување на истрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img