Еве што велат метеоролозите за претстојниот период

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претстојната зима во Европа би можела да биде поблага од вообичаено, покажуваат најновите прогнози на метеоролошката служба Severe Weather Europe. Влијанието на слабата појава Ла Ниња и однесувањето на поларниот вител се клучни фактори кои укажуваат на помалку снежни врнежи и повисоки температури во поголемиот дел од континентот.

Иако долгорочните прогнози секогаш носат доза неизвесност, стручњаците се согласуваат дека двата феномена Ла Ниња и Ел Ниња ќе имаат значително влијание врз зимските временски услови. Слабата Ла Ниња, која се карактеризира со пониски температури на површината на водата во тропскиот Пацифик, обично доведува до поблаги зими во Европа.

Од друга страна, поларниот вител, голем циклонски регион кој ротира околу Северниот Пол, игра клучна улога во распределбата на студениот воздух. Ако поларниот вител е слаб, студениот воздух може да се спушти кон југ, што би доведело до поладни температури во Европа. Сепак, се очекува дека и оваа година поларниот вител ќе биде послаб од просекот, што би придонело за поблаги зимски услови.

Единствениот регион каде што се очекуваат повеќе снежни врнежи е Скандинавија, поради влијанието на системот со низок притисок и млазниот поток над северна Европа.

Иако оваа прогноза укажува на поблага зима, важно е да се напомене дека времето е променливо и дека секогаш постои можност за изненадувања. Метеоролозите го следат развојот на атмосферските услови и постојано ги ажурираат своите прогнози.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо вели дека зимата 2024/2025 се очекува да биде многу поразлична од ланската.

– Минатата година речиси и да не видовме поголеми студови и снег. Оваа зима очекуваме значително повеќе снег на Балканот, нормално и во Македонија, па да не нè чуди доколку се појават и екстремни студови – вели Попоски.

Тој најави подетална анализа за зимата во октомври и во ноември.

УХМР ја погоди прогнозата за летото 

- Advertisement -
Ad image

Информацијата за сезонскиот изглед за летота изработена во Секторот за метеорологија во УХМР, според која „со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно“ во целост се исполни.

Анализите на перцентилната распределба на среднодневните температури во однос на многугодишниот просек 1991-2020 година, го карактеризираа ова лето како екстремно топло на целата територија. Среднодневните температури беа помеѓу 18°C во Лазарополе и 28,2°C во Гевгелија. Отстапувањата на среднодневните температури на сите анализирани станици се позитивни, а најголемо отстапување од 3°C беше регистрирано на метеоролошката станица во Струмица.

– Многугодишните екстремни вредности на температурата на воздухот не беа надминати на анализираните метеоролошки станици. Максималната температура на воздухот 45,7°C во Демир Капија на 24.07.2007 е сè уште највисоката измерена температура на воздух во Републиката – велат од УХМР.

- Advertisement -
Ad image

Каква есен нè очекува?

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека сигналите кои ги даваат моделите за оваа есен укажуваат температури на воздух во рамки на просечните вредности и количества на врнежи под повеќегодишниот просек.

Средномесечната температура за септември-октомври-ноември во периодот 1981-2010 се движи од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерена во Гевгелија, а просечните есенски суми на врнежи 127 mm измерени на метеролошката станица во Штип до 326 mm во Лазарополе.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо вели дека очекуваме оваа есен и тоа поради влијанието на Ла Ниња да има нешто повеќе врнежи. Според него, тие би биле околу просекот, но би требало да има периоди кога количеството на врнежи ќе биде и натпросечно високо во трите есенски месеци.

– Што се однесува до температурите, тие би биле околу просекот за есенските месеци, но со тоа што мора да напомнеме, поради влијанието на Ла Ниња оваа година, може да очекуваме и почести ладни продори од север кон нашите краишта, па да не нè чуди доколку снегот повторно се појави и во текот на октомври, нормално на високите планински места, а веќе во ноември, особено кон крајот на месецот растат условите за првиот снег и на пониските места (градовите). Да не заборавиме дека и покрај ова, ќе имаме и пријатно топли денови со повеќе сонце и стабилно време. Сè на сè, очекуваме многу променлива есен, повремено со поголемо количество врнежи – додава Попоски.

Share This Article