More

    Еве што се случува со нашето тело ако јадеме пица премногу често

    spot_img

    Пицата, без сомнение, е една од најпопуларните намирници, а освен што е вкусна, брзо се подготвува и можеме да ја јадеме на секој чекор. Но, што се случува со нашето здравје ако претераме? Според Eat This, има неколку работи што ќе се случат ако јадеме пица премногу често.

    Поголем ризик од срцеви заболувања

    Иако јадењето пица одвреме-навреме е безопасно, доколку претераме, би можеле да имаме поголем ризик од срцеви заболувања, предупредуваат диететичарите. Едно парче обична пица со сирење може да има приближно 400 калории. Пицата е исто така богата со заситени масти кои ги затнуваат артериите, што може да го зголеми ризикот од срцеви и кардиоваскуларни болести.

    Ненадејно зголемување на телесната тежина

    Ако јадеме пица премногу често, диететичарите нагласуваат дека би можеле наеднаш да се здебелиме. Како што споменавме претходно, студиите покажуваат дека само едно парче пица содржи повеќе од 400 калории, а сите додатоци на пицата додаваат уште повеќе калории. Затоа, прекумерното внесување на калории во одреден временски период доведува до зголемување на телесната тежина.

    Поголем ризик од рак

    Јадењето пица што содржи преработено месо со висока содржина на маснотии, како што е колбасот, може да го зголеми ризикот од одредени видови на рак, особено ако често се консумира. Неколку студии покажаа дека личноста која јаде пица повеќе од еднаш неделно има речиси 20 проценти поголем ризик од рак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img